дома Политика НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМС: Штета е што Владата и СДММ немаат ниту...

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМС: Штета е што Владата и СДММ немаат ниту еден проект за младите, но за поздравување е фактот дека барем ги спроведуваат проектите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Штета за младите од Македонија што Владата и СДММ се безидејни, па немаат ниту еден квалитетен проект за младите во изминатата година, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски.

-Сепак, за поздравување е фактот дека барем ги спроведуваат проектите кои на предлог на УМС беа дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во 2016 година. Грижата за младите и афирмација на нивните права била и останува наш најголем приоритет!, пишува Кржаловски на својот Фејсбук профил.