дома Македонија Новиот фpaнцуски амбасадop во caмоизолациja по средбата со Петровска

Новиот фpaнцуски амбасадop во caмоизолациja по средбата со Петровска

Vecer.mk дознава дека францускиот амбасадор во земјава од утре е во самоизолација, бидејќи вчера беше во контакт со градоначалничката на Битола Наташа Петровска, која е позитивна на Ковид-19.

Тој вчера беше во официјална посета на општината, каде се сретна со Петровска, во придружба на почесниот конзул на Република Франција во Битола Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, таа го запозна амбасадорот за долгогодишната врска на Битола како конзулски град со Франција, за традицијата, културата и вредностите кои што ден денес се на многу високо ниво.

Извор: Вечер