Новите мерки се лyди и немaaт здpaвствена логика – целта е пpиcилна вakцинација: Професорот Пановски со ексклузивна изјава за Инфомакс и коментар за новите мepки на Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците. Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по сотанокот на Комисијата за заразни болести.

Професорот по микробиологија доктор Никола Пановски во изјава за Инфомакс ги окарактеризираше новите мерки кои ги предлага Комисијата како луди со оглед на фактот што истите не го признаваат постоењето на антитела кои организмот природно ги создава во контакт со вирусот.

Според него македонската држава ги прифаќа сите луди мерки од светот, а оние кои што навистина би помогнале не се прифаќаат.

-Ова е лудо. Лудите мерки не признаваат антитела. Јас ќе одам како сведок на суд да кажам дека тоа што го прават е лудост. Човек три пати дарувал крвна плазма признание има за тоа, но бидејќи не е вакциниран нема да може да оди на работа. А на пример вакцината може да му направи многу штета, има многу антитела, не му е потребна медицински. Светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат. Не се работи за антиваксери се работи за луѓе кои имаат имунитет, во цел свет имунитетот трае 9 месеци, 12 месеци, вели Пановски.

За Инфомакс Пановски истакнува дека здравствениот сертификат во Македонија и светот нема никаква здравствена логика туку е начин луѓето присилно да се натераат да се вакцинираат.

-Ниедна мерка во светот со сертификат нема здравствена логика туку се тераат луѓет да се вакцинираат. Тоа е начин на присилна вакцинација во кој присилно натераниот ќе потпише дека не е присилно натеран, ќе потпише дека сам доброволно се вакцинирал. Ни производителот, ни државата не сносат последици за негативните ефекти, имаат документ дека сам доброволно се вакцинирал, никој не го натерал, потпишува, вели професорот.

Пановски сепак напоменува дека вакцината штити од смртност и дека е разликата во смртни случаи во држави во кои има поголема и помала стапка на вакцинација. Тој истакнува дека разликата помеѓу заразени вакцинирани и невакцинирани лица е некаде околу 20 проценти, а тоа е разлика која е незначителна што значи дека сертификатите како заштита од ширење на болеста се целосно непотребни.

Бројките кај вакцинираните не паѓаат и не влијаат на ширење на болеста и самото тоа ако погледнете новозаразени и вакцинирани нема некоја голема разлика 20 проценти помалку се шири, оттука сертификатите како заштита од ширење на болеста се непотребни. И вакцинираните ја шират болеста, можеби повеќе бидејќи се асимптоматски, полесно поминуваат и повеќе шетаат. Меѓутоа ако се гледа колку се смртни случаи и колкав е број на вакцинирани, тука има рамномерност. Каде што има повеќе вакцинирани, смртноста на милион жители е многу висока. Да речеме Бугарија е прва последниве две недели, Србија, Украина кај што вакцинацијат е 30 проценти. Штитат од смртност сигурно, не штитат од инфекција, штитат првите два месеци понатаму не. Не е чудно кај на бројките што не паѓаат, чудно е што не растат бидејќи секаде во соседството растат. Не растат така брзо веројатно затоа што го имаме овој имунитет кој што не ни го признава државата, природно стекнат, особено во август и септември кога поминавме поголем бран. Не очекувам да паѓаат, очекувам затоа што залади времето да растат, но се надеваме да не биде како во Бугарија, потенцира Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This