дома КОВИД-19 (Коронавирус) Новите pecтрикции на Владата ќе важат од 18 декември до 21 јануари

Новите pecтрикции на Владата ќе важат од 18 декември до 21 јануари

Комисијата за заразни болести денеска ќе препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки кои се однесуваат на периодот од 18 декември до 21 јануари, а оттаму велат дека се со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.

– Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти – изјави министерот д-р Венко Филипче.

Според препораката угостителските објекти наместо како досега до 21 часот, ќе работат до 18. Останува на сила и забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Се препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. А предлог на Комисијата е да се забранат и секакви прослави во рамките на работните организации. Останува и апелот да не се излегува од дома без потреба, но сега по 18 часот