дома Актуелно Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го водел со непознато лице.

Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а може да се слушне лидерот на СДСМ како објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

Зоран Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам СДС. Не ми треба ни Бранко ни луѓето на Бранко. 

Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДС.

ХХ: Како ќе заврши?

Зоран Заев: Како? Он нема никакво влијание во СДСМ.

ХХ: Он нема влијание во СДСМ?

Зоран Заев: Бранко…

ХХ: Зоки многу го потценуваш човекот.

https://youtu.be/bZzNgEsKFag

Зоран Заев: Јас имам 8.5 милиони евра капитал.

https://youtu.be/nFI6pToJOBc