Ќе се интензивираат активностите околу отворањето на планираните нови гранични премини, особено граничниот премин Клепало-Сандански, со што ќе се овозможи полесна комуникација и движење на граѓаните.
За ова вчера разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев на средбата во Струмица.
Двајцата соговорници разговараа и за соработката на двете министерства во рамки на меѓународните организации, како и соработката во борбата против сериозниот и организиран криминал, особено кога таквиот криминал поседува елементи на прекугранични активности.