April 19, 2024, 11:29 am

Нови детали за инцидeнтот во Белорусија: Вo авионот имало тајни агенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десет минути пред Вилнус видовме дека сменивме правец, ни рекоа дека треба принудно да слетаме во Минск во Белорусија, а за деталите ќе нè известат подоцна – изјавил за грчките медиуми, еден од патниците во вчерашниот лет на „Рајанер“ и додал дека и при слетувањето и при полетувањето, комерцијалниот лет го следеле воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина.

Никос Петалис еден од 11 Грци во летот со 171 патник што од Атина полетаа за Вилнус говорејќи за телевизиите „Скај” и „Ерт”, раскажува дека „целата ситуација била како на филм“.

За Роман Проташевич, Белорусинот уапсен по принудното слетување на авионот во Минск, истакнува дека не знаел дека е новинар, но кога било соопштено дека авионот менува правец и се упатува кон Минск, блогерот се вознемирил.

Кога стигнавме, по четворица нè изнесоа на пистата и нè проверуваа со специјални кучиња. Цело време додека чекавме, новинарот беше до мене. Се гледаше неговата вознемиреност што се враќа во Белорусија. Него посебно го проверуваа. Потоа сите нè внесоа во автобус, со придружба и нè однесоа во чекална, каде што бевме три часа, без можност да одиме во тоалет, без храна, без никакви информации. Немаше некое службено лице, само чувари. Новинарот беше мирен. На крајот дојдоа високи функционери и го зедоа. Ние, откако ни ги проверија документи што траеше уште пет часа, заминавме – вели патникот за „ЕРТ“ и додава дека во самиот лет од Атина имало и тајни агенти.

За телевизијата „Скај“ тој коментира дека првично, си помислил дека станува збор за некаква вежба и истакнува дека кога стигнале во Вилнус, ги пречекал литванската премиерка Ингрида Шимоните, која влегла во авионот, ги известила дека сè е во ред и им се извинила за непријатностите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This