дома Македонија Нови детали за лyдилото во „ceкс кампот“: Малолетно девојче добило награда за...

Нови детали за лyдилото во „ceкс кампот“: Малолетно девојче добило награда за најдобри гpaди, друго било избpkано во 2 наутро затоа што oдбилo да cимулиpa ceкс – дејствијата се случувале пред манастир

По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација, за весникот сведочат нова тура на револтирани родители.

Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред потврдува дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.

Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, вели мајката за весникот.

Повеќе сведоштва тука.

Инаку, Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп. Оттаму потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. Додаваат дека ќе постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.

Лицата, кои се инволвирани активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција, потврдија за МИА извори од истрагата.

Од обвинителство во одговор на прашање на МИА, пак велат: „Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“.