дома Македонија НОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ПРЕГОВОРИТЕ: „Катимерини“ пренесува дека Заев преговара и за промена...

НОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ПРЕГОВОРИТЕ: „Катимерини“ пренесува дека Заев преговара и за промена на химната!

Дали и промена на химната е вклучена во преговорите меѓу македонската и грчаката влада? Ова прашање се поставува во јавноста, откако денеска грчкиот весник „Катимерини“ излезе со тврдење дека нашата химна содржела „иредентистички наводи“.

„Секако постојат и одредени детали, како на пример, националната химна на соседната земја, која содржи иредентистички наводи“, пишува „Катимерини“, но додава дека химната е од секундарно значење во преговорите, за разлика од она што се однесува на националноста „што би можело да доведе до пропаѓање на преговорите“.

Весникот споменува дека Македонија, во догледно време ќе треба да ги смени сите државни лични документи како што се лични карти, пасоши и возачки дозволи.