Вулканот Стромоболи во Италија повторно се разбуди.
Евидентирани се експлозии, кои разнесоа еден километар столб пепел во воздухот. Вулканот Стромболи, на истоимениот остров недалеку од Сицилија, е активен 2500 години, и претставува ретка туристичка дестинација во Европа, за планинарите кои сакаат искачување по активен вулкан.
Здружението за вулканологија објави дека пирокластичниот проток на врели карпи и гас што бил исфрлен за време на ерупцијата, ја зафатил околината на кратерот, но исто така стигнал до морето, оддалечувајќи се од брегот дури 200 метри.
Според нив, експлозијата и испуштањето пепел и пирокластичен проток траеле околу четири минути.
Ова е последна но посилна во низата експлозии на Стромболи, па жителите на островот се плашат од поголема вулканска ерупција.