Нови зaгpижyвaчки oткpитиja кaкo фyнкциoниpa Koвид-19: Ги yништyвa цpвeнитe kpвни зpнцa и тoa зaвpшyвa фaтaлнo?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски научници открија дека вкусот на железо може да биде еден од можните симптоми на ковид-19.

Научниците од Далекуисточниот федерален универзитет, заедно со колегите од истражувачките центри на Русија и Јапонија, го открија механизмот на развој на коронавирусот поврзан со оштетување на еритроцитите, кои се главната цел на ковид-19.

Во написот објавен во германското медицинско списание „Архив Еуро-медика” научниците известуваат дека вирусот САРС-КоВ-2 може да ја нападне коскената срцевина, не само да ги оштети црвените крвни зрнца кои се веќе во крвта, туку и да спречи формирање на нови.

Целта на вирусот се еритроцитите, кои се одговорни во организмот за транспорт на протеинот хемоглобин, протеин кој е богат со железо и кислород, се вели во соопштението.

Научниците веруваат дека „мртвите еритроцити можат да предизвикаат оштетување на невроните во мозокот, крвните садови и внатрешните органи, кои веќе немаат доволно кислород.

Во тешки случаи, може да дојде до повеќекратно откажување на повеќе органи, едно лице всушност останува без своите црвени крвни клетки и почнува да се гуши. Респираторите не помагаат, бидејќи нема кој да пренесува кислород. За поефикасна терапија на такви пациенти, потребно е да се инјектираат црвени крвни клетки и витамин Б12, се наведува во написот.

Механизмот за регенерација на оштетените еритроцити сè уште не е проучен. Предвремено распаѓање на црвените крвни клетки е примарна реакција на вирусот САРС-КоВ-2, кој постепено се развива. Пациентот може да открие дека има болест чувствувајќи го вкусот на железо, бидејќи хемоглобинот ослободен од црвените крвни зрнца во крвотокот се ослободува преку плунката, се наведува во медицинското списание.

Според научниците, секој што има низок хемоглобин е во опасност. Како прво, тоа се постари лица со хипертензија, лица со прекумерна тежина, кои имаат дијабетис, бремени жени, пациенти со ослабен имунитет, заразени со ХИВ и пациенти со карцином.

Вирусот влегува во епителот, каде што се размножува, а потоа влегува во крвотокот и може да ги нападне белите дробови, уринарниот систем и еритроцитите, рече Галина Рева, професор на Одделот за фундаментална медицина на Факултетот за биомедицина на Далекуисточниот федерален универзитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This