дома Европа НОВИ ИЗВЕСТИТЕЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Европскиот парламент на есен ќе избере нови известители...

НОВИ ИЗВЕСТИТЕЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Европскиот парламент на есен ќе избере нови известители за Западен Балкан!

Drapeaux Berlaymont

Во текот на есента ќе бидат избрани известители од новиот состав на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, соопшти досегашниот известител за Србија Дејвид Мекалистер.

Tој соопшти дека по евроизборите Надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент доби многу членови, а заминуваат едни од најискусниот, кога станува збор за државите од Западен Балкан, како што се Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Чарлс Танок и Иво Вајгл.

На досегашниот известител за Македонија, Иво Вајгл, мандатот му завршува на 1 јули.

Ова ќе биде нова генерација европски парламентарци и се надевам дека ќе пронајдеме колеги од сите членки на ЕУ кои се заинтересирани за Западен Балкан, истакна Мекалистер.