дома Политика НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ: 14 нови претседатели на локални ограноци...

НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ: 14 нови претседатели на локални ограноци и двајца портпароли

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации, велат од партијата.

-ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво. На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски, стои во соопштението и се додава:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:

Иван Јорданов за Штип, Мирче Аџиоски за ОК Струга, Бошко Цветковски – Лозово,Коста Маневски – Зелениково, Анри Андоноски – Крива Паланка, Ѓорѓи Граматиков – Дојран, Митко Костадиновски – Виница, Никола Атанасов – Берово, Јован Тозиевски – Ресен, Миле Лефков – Кочани, Ненад Јовчевски – Тетово, Дарко Костовски – Бутел, Сашо Донев – Охрид, Иванчо Тошевски – Битола.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби.