дома Социјални Мрежи НОВИ ПРОБЛЕМИ НА ФЕЈСБУК:Проверете си ги пораките, профили на 14 милиони корисници...

НОВИ ПРОБЛЕМИ НА ФЕЈСБУК:Проверете си ги пораките, профили на 14 милиони корисници беа загрозени

Американската компанија „Фејсбук“ соопшти дека личните пораки на 14 милиони корисници по грешка биле изнесени пред пошироката јавност четири дена, во периодот од 18 до 27 мај.
Проблемот, за кој компанијата тврди дека е отстранет, е најнов во низа скандали поврзани со компанијата во врска со почитувањето на приватноста на корисникот.

Инцидентот се случил по дефект во компјутерскиот систем, којшто бил откриен деновиве, изјави Ерин Иген, одговорна за прашањата на заштита на приватноста во Фејсбук. Таа додава дека проблемите сега се отстранети.

Оваа грешка се случува во период во кој социјалната мрежа работи на нови начини на споделување на некои елементи од профилот, како на пример слики и видео снимки.

– Го решивме проблемот и од вчера започнавме да ги предупредуваме засегнатите да си ги проверат пораките од тој период – рече Иген.