дома Актуелно НОВИ СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ: Заврши првиот бран напади – таргетирани две бази...

НОВИ СНИМКИ И ФОТОГРАФИИ: Заврши првиот бран напади – таргетирани две бази и истражувачи центар, 13 томахавки срушени, погоден стамбен комплекс!

Според локални извештаи, експлозии се слушаат од регионот на Дамаск по наредбата на претседателот на САД Доналд Трамп за „лансирање на прецизни удари во Сирија“

Повеќе непотврдени извештаи укажуваат на тоа дека се таргетирани Сириски воени бази, од страна на авиони на САД, Велика Британија и Франција. Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека се таргетира и истражувачи центар, пренесува Ројтерс.

Жителите на социјалните мрежи известуваат дека слушнале „големи експлозии“.

Ројтерс извести дека Сириската државна телевизија соопштила дека воздушните напади го напаѓаат Дамаск и околните региони. Сириската армија возвраќа со ПВО. Погодени се и цивилни цели.