дома Балкан НОВИ СНИМКИ ОД ИНЦИДЕНТОТ ВО КОСОВО: 30 косовски специјалци вооружени до заби...

НОВИ СНИМКИ ОД ИНЦИДЕНТОТ ВО КОСОВО: 30 косовски специјалци вооружени до заби го спроведуваат Ѓуриќ, останатите со автомати вперени во цивили!

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ беше буквално киднапиран од косовската полиција во полициската станица во Приштина

На видео-снимките може да се види бруталноста на припадниците на косовоската полиција кон Ѓуриќ, кој со полуга е внесен во станицата во Приштина, додека во позадина се слушаат повици од насобраните граѓани кои го поздравуваат неговото апсење.

Директорот на канцеларијата за Косово е уапсен денес попладне во сала во Митровачки двор.

 

Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ, кој е повреден во обид да се спротивстави на приведувањето.

За време на апсењето дојде до судир помеѓу косовската полиција и граѓани собрани за да присуствуваат на осбирот посветен на внатрешниот дијалог.

Ѓуриќ е сослушан кај судија за прекршоци, а косовските власти потоа одлучиле да го депортираат во Србија. Во моментот е упатен кон административниот премин Мердаре.