дома Македонија НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВОТО: Повторно поскапување по само две недели од последната...

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВОТО: Повторно поскапување по само две недели од последната промена на цените!

По речиси две недели од последната промена, Регулаторна комисија за енергетика напладне ќе го соопшти новите цени на горивата во Македонија, кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена бензините поскапеа за 2 денари по литар, а дизелот за 1 денар.

Според тоа, ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 е 66,5 денари.

Литар дизел се продава по цена од 61 денар.

Ова се моменталните цени кои се менуваат од полноќ.