дома Актуелно Нови 20 илјади потписи против пописот – вкупно потпишани 45 илјади граѓани

Нови 20 илјади потписи против пописот – вкупно потпишани 45 илјади граѓани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил посочи дека денеска се собрани нови 20 илјади потписи против пописот.

„Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи. Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа!“, пишува Мицкоски.