дома Локално Новото момче избегало: Поранешниот со пиштол во глава ја киднапирал

Новото момче избегало: Поранешниот со пиштол во глава ја киднапирал

Надворешната канцеларија за кривични работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д. (40) од село Жеровјане поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело грабнување.

На 5 ноември 2016 година во 23:30 часот на ул. „Живко Брајкоски“, во Гостивар  пријавениот дошол со своето возило пред угостителски објект каде што била оштетената од Тетово во друштво со нејзин пријател Р.Б., а со којашто пријавениот бил во претходна љубовна врска. Пријавениот излегол од возилото дошол до возилото каде што била оштетената и со закана дека поседува пиштол успеал да го извади од возило Р.Б. кој избегал од самото место, а пријавениот седнал на возачкото место.

Откако истиот останал сам со оштетената го ставил возилото во погон, и со закани ја присилил оштетената да остане во возилото и упатиле кон село Чајле. За цело време пријавениот кон неа упатувал закани дека истиот подолг временски период ја следи сериозно заканувајќи и се по нејзиниот живот. При тоа во еден момент пријавениот два пати ја удрил со рака во пределот на лицето.

Кога стигнале во селото возилото било запрено од страна на полициски службеници и по пријава на оштетената пријавениот бил лишен од слобода и приведен во ПС Гостивар.