дома Македонија НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Владата денес ќе се задолжи за...

НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Владата денес ќе се задолжи за нови 49 милиони евра!

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за денес има закажано нова аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3 милијарди денари односно 49 милиони евра.

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира, тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 317,4 милиони евра.

Претходно, владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огpомни 39 милиони евра.

Она што е посебно алаpмантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстpeмно опасна состојба.