Ново откритие – Биолошки рекорд: Нов вид стоногалка со 1.306 нозе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиските научници во Западна Австралија открија нов вид стоногалка со 1.306 нозе долга 95 милиметри, пренесува Агенција Анадолија.

Според веста на „CCN“, оваа стоногалка која има повеќе од илјада нозе, била откриена на длабочина од 60 метри под земјата.

Се истакнува дека стоногалката со дијаметар од 1 милиметар, е именувана како „Eumillipes Persephone“, по Персефона, божица на подземниот свет во грчката митологија.

Eumillipes Persephone со своите 1.306 нозе сруши рекорд меѓу видовите стоногалки.

Научниците, исто така, открија дека овој нов вид има кратки нозе и долго тело кое се состои од најмалку 330 сегменти.

Од друга страна, во три различни ископувања во оваа зона се откриени осум вида на Eumillipes Persephone.

Досега рекордот со најголем број на нозе го држеше стоногалката Illacme plenipes, која има околу 750 нозе, откриена во американската сојузна држава Калифорнија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This