Ново MEГА OTKPИТИЕ ЗА MAКЕДОНСКИОТ JA3ИК: Американски научник во 1899 забележал дека во Бугарија и Грција се говоpeле двa jaзика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Maкедонскиот новинар во Канада, Васил Јанков на својот Фејсбук профил сподели ново истражување од претседателот на Организацијата Обединети Македонци во Кандада, Драги Стојковски.

Откако претходно во 1911 година во Канада на попис биле евидентирани стотици Македонци кои говореле македонски јазик, сега Стојковски открива дека според америнаксата држава кон крајот на 19 век во Бугарија и Грција се говореле два јазика меѓу кои и македонскиот јазик. Истото било забележано и во Отоманската империја каде меѓу споменатите јазици во европскиот дел на империјата бил и македонскиот јазик.

-Ново откритие на Драги Стојковски, претседател на Организацијата Обединети Македонци во Канада:

Имаше вознемиреност и неверица кај „духовите“ во однос на објавата од 15 мај 2021 за канадскиот попис во 1911 година, каде свртевме внимание на Македонците кои зборувале македонски јазик. И замислете, сето тоа се случувало цели 33 години пред Тито, како што вообичаено се вели на истокот, да ги „измисли“ Македонците и македонскиот јазик на 2 август 1944 година!

Да видиме колку ќе ги вознемириме духовите кај нашиот источен сосед денеска ако кажеме дека во Соединетите американски држави, македонскиот јазик бил признат и користен уште во 1899 година. Веќе го слушам гласот кој вели дека такво нешто не е возможно.

Па ајде да видиме што во написот „Економски истраги на Доселеничката комисија на Соединетите држави“ (The Economic Investigations of the United States Immigration Commission) од Џет Лак (W. Jett Lauck), испечаено во „Списанието за политичка економија“ (The Journal of Political Economy), Том 18, Број 7 (јули 1910), страници 525-549 каде се претставени истрагите кои комисијата ги има направено во однос на „природните и вештачки причини за доселеништвото“ во САД. Комисијата била составена од три сенатори, три членови на Домот на претставници и три члена избрани од претседателот Рузвелт, а истата била создадена со декрет на Конгресот на 20 февруари 1907 година. За време следното лето, 6 члена на Комисијата поминале неколку месеци во странство истражувајќи го проблемот, додека три комесари истражувале во САД. Членовите на комисијата заклучиле дека треба да ги соберат и претстават собраните резултати според раса и да ја базираат расната распределба според поединечните различности кои се воглавно прашање на јазикот. За таа цел била усвоена методологијата која Американскиот завод за доселеници ја користела од 1899 година.

А според таа методологија од 1899 година, во Бугарија се користеле бугарскиот и македонскиот јазик (во оригинал Bulgarian, Macedonian), во Грција се користеле грчкиот и македонскиот јазик (во оригинал Greek, Macedonian), додека во европскиот дел од Турција се користеле бугарски, грчки, хебрејски, македонски, црногорски, српски, сириски и турски (во оригинал Bulgarian, Greek, Hebrew, Macedonian, Montenegrin, Servian, Syrian, Turkish).

Се надевам дека никој од истокот а и велепредавниците кај нас не паѓаат во транс, бидејќи ова се случува не 33, туку 45 години пред Тито да ги „измисли“ Македонците и македонскиот јазик на 2 август 1944 година!

За разлика од канадскиот попис кој треба да се купи за убаво да се види, оваа книга е слободно достапна тука. , лесно е читлива, а за најзагрижените во прилог ја ставаме страницата бр. 527 во оригинал, додека за недоверливите источни духови истата страница каде македонскиот јазик е потцртан со црвена боја.

Уживајте во истражувањето и вдахновувањето!

До следната објава.

Објавата можете да ја видите тука.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This