дома Русија НОВ БРАН НА ДОЈАВИ ЗА БOMБИ ВО МОСКВА: Над сто анонимни дојави...

НОВ БРАН НА ДОЈАВИ ЗА БOMБИ ВО МОСКВА: Над сто анонимни дојави за ekcплoзивни направи низ Москва!

За повеќе од сто објекти во Москва и околината, населени со голем број на луѓе, пристигнаа анонимни дојави за поставени eкcплoзивни направи, изјави претставник на службите за вонредни состојби.

„Во Москва пристигнаа дојави за бoмби за 80 објекти, а во околината на градот според дојавите биле поставени 25 бoмби.“, соопшти тој.

Според него, во Москва биле евакуирани повеќе од 9000 луѓе. Ова е втор бран на анонимни дојави за поставување eкcплoзивни направи на административни згради, по оној во јануари во областа помеѓу источна и централна Русија. Сите повици биле лажни, а за дел од нив се испоставило дека доаѓаат од странство.

Слична ситуација имаше и минатата година кога имаше масовни дојави за поставување на eкcплoзивни направи во згради и трговски центри во Русија. Анонимните дојави се однесуваа на предупредувања на целата територија на Русија, а 600 од нив беа за Москва. Штетата од лажните дојави изнесуваше околу 150 милиони рубљи. Вкупно биле eвaкуиpaни скоро два милиони луѓе од повеќе објекти. Ниту една од досегашните дојави не била потврдена.