дома Европа НОВ ГОЛЕМ ПРОПУСТ ВО ПРОТОКОЛОТ: Тачи покрај Путин и на Мировниот форум...

НОВ ГОЛЕМ ПРОПУСТ ВО ПРОТОКОЛОТ: Тачи покрај Путин и на Мировниот форум во Париз

По скан далот со распоредот за седење на свеченоста во Париз по повод Денот на примерјето во Првата светска војна, сега Хашим Тачи се најде во прв план и на Мировниот форум.
На фотографиите кои агенцијата Ројтерс ги објави од Мировниот форум на кој се собираат светските лидери, се гледа како Тачи седи во непосредна близина на рускиот претседател Владимир Путин.

За потсетување денес, Тачи се најде во близина на Пути и во распоредот за седење во текот на свеченоста пред Тријумфалната капија во Париз.

Реагирајќи на овој необичен протокол, претседателот на Србија Александар Вучиќ запраша како е тоа можно.

„Можете да замислите што мислел некој кога го ставил Тачи до Путин. Позади грб на Путин дојде Тачи и му пружи рака. Кога свати Путин кој е тој, се сврти кон другите“ објаснува Вучиќ.