дома Македонија НОВ ДИПЛОМАТСКИ „TPИУМФ“: Владата утврди предлог-закон за укинување на визите со Украина

НОВ ДИПЛОМАТСКИ „TPИУМФ“: Владата утврди предлог-закон за укинување на визите со Украина

Владата на вчерашната седница го утврди Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за условите за заемни патувања на државјаните.

Како што соопшти владината прес-служба, Предлог – законот предвидува олеснување на патувањето на државјаните од Македонија и од Украина без обврска за поседување виза, под услов должината на нивниот престој да не надминува деведесет дена во текот на секој период од сто и осумдесет дена.