дома Европа НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Бројот на жртви достигна 247 лица

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Бројот на жртви достигна 247 лица

Утринава нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Италија, што се вкупно 22 земјотреси во изминатите 24 часа.

Италијанската агенција за цивилна заштита соопштува дека спасувачите и понатаму трагаат по преживеани под рушевините во планинските села.

Стотина лица се повредени, од кои голем број се во тешка состојба.

Бројот на преживеани и загинати кои се уште се наоѓаат под рушевините не е познат.