дома Балкан НОВ ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ ЦРНА ГОРА:Подгорица се тресеше

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ ЦРНА ГОРА:Подгорица се тресеше

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтерова скала ја потресе денеска  Црна Гора во 9 часот и 2 минути.

 

Секторот за сеизмологија во Заводот за хидрометеорологија и сеизомологија регистрираше земјотрес со епицентар од 6 километри југоисточно од Подгорица.

Во земјотресот со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, кој на 4. јануари го погоди подрачјето во близина на Плава во Црна Гора, а беше почувствуван и во Македонија, оштетени беа околу 70 објекти, а десетина семејства иселени од своите домови.