дома Македонија НОВ ЗEMJOTPEC ВО АЛБАНИЈА: Почувствуван и во Македонија

НОВ ЗEMJOTPEC ВО АЛБАНИЈА: Почувствуван и во Македонија

Слаб земјотрес од соседна Албанија е почувствуван во Македонија. Се работи за потрес со јачина од 2.2 степени, со епицентар на 24 км од Вевчани.


Земјотресот бил на длабочина од 14 км.

Во регионот земјотрес од 3.1 степен денеска е регистриран во Грција. Албанија скоро секој ден ја тресат земјотреси, откако при крајот на ноември имаше силен земјотрес кој уби над 50 луѓе. Три земјотреси имало вчера во оваа соседна земја.

Последен појак земјотрес таму имаше пред три дена кога земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ја стресе Албанија. Потресот, кој траел неколку секунди беше со епицентар во Грдец, општина Вора, кај Тирана.