дома Актуелно НОВ ЗEMJOTPEC ГО TPECEШЕ СКОПЈЕ: Попладнево cилeн зeмjoтpec во Драч ја тpeceше...

НОВ ЗEMJOTPEC ГО TPECEШЕ СКОПЈЕ: Попладнево cилeн зeмjoтpec во Драч ја тpeceше Македонија, пoчyвcтвyвaн и во Скопје

Нов земјотрес со катаклизмични пропорции го потресе Албанското крајбрежје, на 24 километри од Драч во Јадранското море, а земјотресот беше почувствуван и во Скопје

 

Земјотрес со послаба јачина го потресе и Скопје попладнево, откако се тресеше тлото во Јадранското море на 24 километри од Драч.

Новиот потрес е со епицентар на 24 километри од Драч, на длабочина од 10 километри, а со интензитет од 5.3 степени по европската макросеизмичка скала.

По завчерашниот земјотрес од 6.4 степени, ова е втор најсилен.

Во првичниот, животот го загубија најмалку 25 лица, а повредени се повеќе од 200.