дома Балкан НОВ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Тројца повредени во вооружен напад во ресторан во...

НОВ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Тројца повредени во вооружен напад во ресторан во Истанбул!

Двајца напаѓачи отвориле оган во ресторан во Истанбул вечерва, пренесува Дејли Мејл

Засега има информации за неколкумина повредени во нападот во областа Фетих, каде што е сместена канцелаијата на гувернерот и полициското седиште. Махмад Клеид, репортер за агенцијата „У“, пренесува дека тројца се повредени.

Тој исто така додава дека пукањето било резултат на личен конфликт, неповрзан со тероризам.

Нападот во ресторанот доаѓа пет дена по терористичкиот напад во ноќниот клуб Реина за новогодишната вечер. ИСИС презема одговорност за нападот во кој загинаа 39 лица.