дома Македонија НОВ ПРОТЕСТ ВО СРЕДА ВО 17 ЧАСОТ: ВМРО-ДПМНЕ најави нов протестен марш...

НОВ ПРОТЕСТ ВО СРЕДА ВО 17 ЧАСОТ: ВМРО-ДПМНЕ најави нов протестен марш против црнилата кои власта ги наметнува!

ВМРО-ДПМНЕ и за оваа среда (5 декември) од 17.00 часот најави протестен марш кој ќе започне од пред седиштето на партијата.

Нивната Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

Протестираме затоа што:
1. Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив.

2. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување.

3. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира.

#МакедонијоНапред🇲🇰
#МакедонијаЌеПобеди🇲🇰