Македонија денес поставува нов непопуларен рекорд од 594 новозаболени од корона вирус од тестирани 2617 лица. Како резултат на болеста животот го загубиле 3 лица. Оздравеле 162.
Ковид состојба 17.10.2020
Новозаразени: 594
Тестирани: 2617
Оздравени: 162
Починати: 3Вкупно дијагностицирани: 23201
Вкупно оздравени: 17111
Вкупно починати: 824
Активни случаи: 5266 pic.twitter.com/rkgvCYfHyh— Министерство за здравство (@ZdravstvoMK) October 17, 2020
Во последните десетина дена бројот на заразени од КОВИД-19 рапидно се зголемува.
Засега не се предложени порестриктивни мерки за масовна изолација, освен мерките за ограничување на работното време на угостителите до 23.00 часот, ограничување на бројот на патници во јавниот превоз, како и ограничување на бројот на присутни на домашните прослави.
Европската Унија пак повторно започна да се затвара, а по полицискиот час во Франција, вчера и Белгија воведе стриктни мерки за борба против корона вирусот.
Белгија прогласи полициски час, но забрани и работа на угостителите, собирања на домашни прослави на повеќе од 4 лица, и задолжително носење на маски и на отворено. Работата задолжително ќе се одвива преку интернет, а есенцијалните професии ќе следат стриктни протоколи.