дома Актуелно НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ТРЕСЕ СКОПЈЕ: Земјотрес со јачина од 5.4 по...

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ТРЕСЕ СКОПЈЕ: Земјотрес со јачина од 5.4 по Рихтер силно ги стресе Скопјани!

Во точно 15 часот и 7 минути по локално време, Скопје се тресеше од уште еден нов земјотрес по серијата послаби кои ги разбудија скопјани изутринава

 

Според Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар се работи за земјотрес со ист епицентар во Црешево, односно Смилковци на длабочина од 2 километри. Според скалата на Рихтер се работи за земјотрес со силина од 5.4 степени, кој силно беше почувствуван во Скопје.

Рано изутринава директорот на Сеизмолошкиот институт предупреди дека се можни нови потреси во текот на денот, а сепак земјотресот не го поврзува со поплавите!