дома Македонија НОВ СКАНДАЛ: Советник на Заев со закани кон Дурловски

НОВ СКАНДАЛ: Советник на Заев со закани кон Дурловски

Денес во 12ч, советникот на Заев, Ф. А. (вработен во владата како советник за младите во Скопје), вербално му се заканувал на кандидатот за пратеник Игор Дурловски, со навреди и пцовки на политичка основа, викајќи му дека ќе лежи 100 години затвор, а со возилото БМВ со бугарски регистарски таблички му ја загрозил и физичката безбедност во сообраќајот. Дурловски настанот и заканите ги пријавил во надлежната полициска станица, а ќе ги извести и меѓународните претставници во Македонија.

Инфорамцијата ја потврдија и од МВР оттаму велат дека на 02.06.2020 година во 12.50 час во ПС, лицето Игор Дурловски со пријава дека на 02.06.2020година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец према Центар додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка Фиат 500 со рег бр.СК-7…АТ на лева лента било престроено возило ПМВ марка БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А. викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите:

„Ќе лежиш сто години затвор“, при што истиот продолжил право по што продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, при што откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул.Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата бул, Партизански Одреди со бул.ВМРО, и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото Дурловски, према бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно према градски стадион. Пријавителот укажа дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење, стои во изваштајот на МВР.