дома Спорт Нов „скок до небото“ на Роналдо

Нов „скок до небото“ на Роналдо

Кристијано Ронало постигна уште еден гол со кој им пркосеше на законите на физиката.

Португалецот му донесе бод на Јувентус со два гола на гостувањето кај Рома (2: 2).

Тој најпрво ја намали негативата со гол од белата точка, а потоа во 69. минута направи уште еден „скок до небото“.

Напаѓачот на Јувентус достигна висина од 228 сантиметри кога погоди со главата затресувајќи ја мрежата.

Работиме добро и среќни сме, гледам позитивна иднина за нас, рече Роналдо по неговиот 450-ти погодок во „петте“ лиги (Премиер лига, Ла Лига, Серија А) и 69. во неговиот 91-ви настап за Јувентус.

„Скоковите до небо“ не му се непознати на Роналдо – во декември 2019 година, тој достигна висина од 256 сантиметри при постигнување на голот против Сампдорија, а на Европското првенство во 2016 година, скокна до 261 см против Велс.