дома Свет Нов сомнителен пакет стигнал на адресата на американскиот милијардер Том Стејер

Нов сомнителен пакет стигнал на адресата на американскиот милијардер Том Стејер

Американското Федрално истражно биро потврди дека на адресата на милијардерот Том Стејер пристигнал уште еден сомнителен пакет.

Пакетот со засега непозната содржина пристигнал на адреса на милијардерот во Калифорнија. Тој е познат Демократ , противник на Трамп . Стејер побара импичмент од американскиот претседател Доналд Трамп .

ФБИ на Твитер објави дека пакетот е најден вчеравечер во пошта во близина на Сан Франциско. Минатата недела на адресата на милијардерот беше пратен еден од последните 12 пакети , упатени до видни личности , Демократи и противници на Трамп и неговата администрација.