дома Магазин НОВ ТРЕНД ВО ФАРБАЊЕТО НА КОСАТА: Обратен „Балејаж“

НОВ ТРЕНД ВО ФАРБАЊЕТО НА КОСАТА: Обратен „Балејаж“

Оваа техника на фарбање, придоби голем број фанови поради својот природен ефект, едноставно одржување и сестраност. Меѓутоа, неодамна се појави нов тренд кој на многумина им остави голем впечаток-обратен „балејаж“.

Наместо фарбање и осветлување на прамените во златни тонови, новата техника бара,како што и самото име кажува, обратно фарбање па наместо плави прамени се извлекуваат смеѓи за уште понападен и не толку природен ефект. Една дама по фарбањето токму со оваа техника напишала: „Во морето плава балејаж коса, биди единствена и обратна“! И целосно се сложуваме со неа.

Според многумина професионални фризери, оваа техника дефинира што навистина сонцето и прави на нашата коса-го осветлува коренот.

Поради својот неконвенционален изглед и упадливост, многу дами уште сега посакаа да го испробаат овој тренд, кој е исто така сестран и им стои на сите тонови кожа. Она што е најважно е дека оваа боја лесно се одржува: доволно е да одете на осветлување на корените и освежување на темните делови на коса на секои шест до осум недели.