April 19, 2024, 10:13 pm

Нов peзил по соопштението на CBP Teтово: Во полициja му ја промениле изјавата, „mитoто“ не го давал доброволно, тврди Емшиу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емшиу тврди дека не ја сменил изјавата во полиција.Тој сведочеше дека му се закануваат и дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му.

Полициски службеник денеска го пронашол во тетовското село Синичане. „Тој рекол, за што е сочинета и службена белешка, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи. Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано „Внимавај”. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот“, велат од тетовската полиција.

Тој, исто така, им рекол на полициските скужбеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за „подобро да се грижеле за неговите најблиски“. „Официјална пријава не е поднесена до СВР Тетово, ниту за заканите за живот, ниту во однос на тврдењата дека му биле барани пари за медицинска нега“, вели за ДВ Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Но, Емшиу реагира на ваквите наводи на полицијата.Тој тврди дека не го сменил исказот во полиција и дека останува на своето сведочење. Тој за ДВ изјави дека му се заканувале дека ќе го убијат и дека е решен да ја каже вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар.

Ибин Емшиу за ДВ сведочеше дека е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

Извор: Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This