April 20, 2024, 12:20 pm

Ноември ќе биде тежok месец за стопанството и граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфлација – која се чувствува, а и Народната банка ја детектира; поскапи цени на производите – кои се забележуваат, речиси, при секое влегување во продавница; стопанственици, кои предупредуваат, дека живеачката ќе оди на полошо, и за крај – сериозна енергетска криза во најава, која секојдневниот живот, ќе го претвори во обид за преживување. Реалноста, како да не допира до македонската Влада. На секој аларм од стопанството, смирувачки велат – дека ја следат состојбата, а освен најавата за замрзнување на цените на основните продукти, нема ниту „с“ од некаква стратегија, барем не јавно. Прашањето е како да се преживеат месеците до следната пролет.

Тропа ли на врата уште еден нов силен бран на сиромаштија кој и се заканува на земјава. Цените растат, граѓаните и стопанството се жалат, но власта и натаму останува смирена, исто како да нема ценовни шокови кои буквално им „ги изедоа“ парите на граѓаните. Од бизнис секторот велат дека состојбата станува неподнослива и ако Владата не преземе итни сериозни чекори, не очекува лошо време. Капак на се е и потенцијалната енергетска криза, која може да повлече и поскапување на струјата, зашто цените заминале на горе и во Европа поради преорентирањето на Европската унија кон зелената агенда и затворањето на термоелектраните.

Глобалната економија за зголемување на трошоците на енергенсите, логично ќе придонесе ценовни оптоварувања на пазарот. Да се надеваме дека Владата навистина има паметна стратегија како да се намали ударот од ценовните струјења. Прашањето е тоа дали ваквата состојба ќе придонесе добро да се вклучме во енергетскиот систем, а Владата добро знае што значи либерализација на енергетскиот слободен пазар, вели меѓу другото за Алфа Миле Бошков, од Бизнис конфедерацијата на Македонија.
За да се ублажи ценовниот шок добро е да има замрзнување на цените велат бизнисмените, но тоа да не биде само ветување кое ќе биде заборавено.

Ваквите изјави на владините министри се интересни. Доколку нее контрадткторно, би било интересно, зашто нели нема паника од ценовен шок, а има најава да се замрзнат цените. Јас мислам дека едното со другото не оди, па така се надевам дека Владата има добар план за тоа како ќе се изведе тоа, и какви последици ќе остави сето ова, додаваат од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Од бизнис секторот смируваат дека барем во наредниот период крајните цени на производите нема драстично да скокнат поради високата цена на струјата. За нив непосакувана е интервентната мерка која веќе ја најавија од Владата за замрзнување на цените.

Факт е дека одредени импути не се качени само заради цената на енергијата, туку и поради намаленото производство и традиционалните пазари од кои ние купуваме. Да кажам, житото ние традиционално го купуваме од Србија и Украина и тие два пазара сега моментално имаат покачена цена за 40 отсто. Се надеваме дека Владата нема да прибегне кон нејзиното право да лимитира цени. Тоа нешто што не смееме да си го дозволиме како пазар заради тоа што тоа секогаш упатува на црн пазар, шверц и проблематични позиции, вели Антони Пешев од Стопанската комора.

Ноември ќе биде тежок месец за стопанството. Додека не стигне интервентниот јаглен со кој целосно треба да проработат РЕК Битола и Осломеј, цената на струјата за бизнисите ќе биде висока. Според очекувањата на ЕСМ, јагленот ќе почне да се користи за производство дури во декември.

Ваквиот серизоен аларм барем засега не ја потресува Владата која вели дека ја следи состојбата, но засега не конкретизира дали и каква стратегија ќе употреби за шокот да се амортизира. За разлика од цените кои буквално експлодираат, стандардот на народот тапка в место и не држи заковани на дното во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This