дома Локално НОКАУТ НА ЈАВНА СЦЕНА: Дебата помеѓу најдобриот и најлошиот градоначалник во Европа!

НОКАУТ НА ЈАВНА СЦЕНА: Дебата помеѓу најдобриот и најлошиот градоначалник во Европа!

Во вчерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, дебатираа најуспешниот градоначалник во Европа Стевчо Јакимовски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц

Двајцата градоначалници зборуваа за остварените проекти, исполнетите ветувања кон граѓаните и нивните заложби за иднината, како и за перспективата за повторно кандидирање на претстојните локални избори.

Јакмовски подвлече дека сеуште има работа во Карпош и дека речиси со сигурност повторно ќе ја побара довербата од Карпошани, потенцираше дека околу 90% од проектите дадени како ветување во минатата изборна кампања се завршени, а дека за следниот мандат се припремаат нови капитални проекти.

Дамјановски од друга страна, немаше со што многу да се пофали, имајќи во предвид дека Куманово е најзагадена општина во Европа, најзадолжена општина на стариот континент, општина со катастрофална инфраструктура, и самовластие кое во потполност е во рацете на досегашниот градоначалник Циц. Тој додаде и дека поднел кандидатура во партијата, и остава на органите да одлучат дали тој повторно да истрча на изборите.