дома Македонија (Видео) НОНКОВИЌ ЕКСКЛУЗИВНО ОД БРИСЕЛ ЗА ИНФОМАКС: Beтото на Франција е поради...

(Видео) НОНКОВИЌ ЕКСКЛУЗИВНО ОД БРИСЕЛ ЗА ИНФОМАКС: Beтото на Франција е поради недостатокот на демократија, владеење на правото и пpoгонот на новинари

Во екслклузивно јавување од Брисел за Инфомакс, новинарот Бобан Нонковиќ откри досега непознати детали за целата катарза околу доделувањето на датум за преговори со Европската Унија за Република Македонија. Тој истакна дека Франција не го блокира членството на Македонија поради банални причини како што некои медиуми пренесуваат туку постојат сериозни забелешки за владеењето на Зоран Заев изминативе 3 години. Франција има проблем со недостигот на владеење на правото во нашата држава, правосудството и отсуството на демократска атмосфера. Што е многу важно за новинарската фела нотирани биле и притисоците врз новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта.

 

-Сега не постои грчко вето, но постои Француско вето кое не е за еден маргинален во тоа време некој го нарекуваше, за наш беше круцијален проблем околу името, него е всушност владеење на демократијата во државата, правосудството. Сите оние алатки кои се основа на една демократија, а ги бара Европската Унија. Сега ќе видиме дека во перидот што претстои ќе се додадат дополнителни бенчмаркови, а можно е и покрај сериозниот притисок од Стејт департментот врз некои земји членки на ЕУ да се приклучат на Франција да се приклучат во блокирањето на Македонија и Албанија и некои други земји членки на Унијата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=WVJrOhQzZHE&feature=youtu.be