дома Хроника НОЌЕСКА ВО СТРУМИЧКО: Пронајдени 39 мигpaнти во возило на лице од Арачиново

НОЌЕСКА ВО СТРУМИЧКО: Пронајдени 39 мигpaнти во возило на лице од Арачиново

39 мигpaнти вчера биле пронајдени во возило со скопски регистерски таблички во сопственост на Б.А. од Арачиново. Како што известуваат од МВР:

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишилe од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигpанти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.