дома Балкан Ноќеска изгopea две фабрики во Ваљево

Ноќеска изгopea две фабрики во Ваљево

Две фабрики во Ваљево изгореа во голем пожар во текот на ноќта, а немаше жртви и повредени. Пожарникарите се бореа со пожарот до два часот по полноќ. Пожарот избувнал околу 22.30 часот, најпрво во фабриката за мебел „Самеди“, а потоа се проширил и на соседната фабрика „Ролер“, јавува РТС.

Нема официјални податоци за причините за пожарот.

Драматично беше во индустриската зона во Ваjeево, а пожарникарските екипи беа на терен до два часа и спречија пожарот да се прошири на околните фабрики.

Во моментот на пожарот, фабриките не работеле, па немало повредени работници.

Материјалната штета е огромна, изгореа сите производи, материјали и суровини.

Повеќе од 100 луѓе работеа во двете фабрики што изгореа.

Противпожарните екипи се уште дежураат во индустриската зона од превентивни причини, соопшти Јавниот сервис.