дома Македонија НОЌНА СЕАНСА ДИМИТРОВ-КОЅИЈАС: Двајцата министри вечерва на состанок во Виена

НОЌНА СЕАНСА ДИМИТРОВ-КОЅИЈАС: Двајцата министри вечерва на состанок во Виена

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот колега, Никос Коѕијас вечерва ќе имаат средба во Виена, соопшти Министерството за надворешни работи.

Двајцата министри кои сега ги водат преговорите за спорот за името утре ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц

Претходно, грчките медиуми објавија информација од кабинетот на Коѕијас дека „решение за името веќе е најдено“, а во моментов се преговараат детали во врска со идентитетот, јазикот и промената на Уставот на земјата.