дома Македонија НОЌНИОТ ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ ОТИДЕ ,,JAБAHA”: Ќе се pyшат летните дискотеки

НОЌНИОТ ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ ОТИДЕ ,,JAБAHA”: Ќе се pyшат летните дискотеки

Летните дискотеки кои се наоѓаат во Градскиот парк на Скопје нажалост ќе се ypиваат и на нивно место ќе се изгради новиот забавен парк за кој веќе се зборува со месеци.

Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна, бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адpeналински содржини за возрасни.

Како што најави Шилегов на презентацијата на проектот, летово ќе започне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се ypиваат познатите летни дискотеки (Хавана, Кабрио). Доста жaaлнa вест за љубителите на летниот ноќен живот…