дома Локално Ноќно скијање на патеките кај битолско Нижо Поле

Ноќно скијање на патеките кај битолско Нижо Поле

Скијачкиот центар „Нижо Поле“, што се наоѓа над истоименото потпелистерско село, викендов овозможи ноќно скијање на патеките што се наоѓаат на 1 585 метри надморска височина.

Од ЈП „Стрежево“ – Битола, кои стопанисуваат со скијачките патеки, информираат дека љубителите на зимските спортови сѐ повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање.

– Амбиенталното осветлување на патеката за скијање се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски-патеката по нејзината должина. Битолчани, но и гости од државата и странство викендов уживаа скијајќи дење, но радува податокот што имаше и љубители на ноќно скијање исполнето со многу адреналин и задоволство – посочуваат од скијачкиот центар „Нижо Поле“.

Скијачкиот центар „Нижо Поле“ освен со два ски -лифтови, располага со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити.