дома Хроника Д-р Нуредини: Двајца од нacтpaданите биле цивили, не биле пациенти

Д-р Нуредини: Двајца од нacтpaданите биле цивили, не биле пациенти

Доктор Гзим Нуредини, кординатор во ковид центарот во Тетово, во емисијата „24 анализа“ вели дека повредените во пожарот се во стабилна состојба, тие се позитивни ковид пациенти и немаат сериозни повреди, а сместени се во интерното одделение.
– Овие три дена бевме среќни поради тоа што немавме смртни случај и дел од пациентите се стабилизираа. Сега имаме 75 хоспитализирани, вели Нуредини.

Во однос зошто било дозволено посета во таков ковид центар, доктор Нуредини вели дека немало недостаток на кадар и целиот ковид ценатар бил снабдуван со неопхдниот кадар. Што се однесува до посетите, кај нив има пациенти кои се роднини на медицнски сестри и можеби и тоа допринело да има посета, но сите тие морале да ги почитуваат анти-ковид мерките и не ги оставиле да ги посетат повеќе од 15 минути.

Во однос на жртвите Нуредини во емисијата „24 анализа“ рече дека има двајца починати цивили и 12 починати пациенти.

За тоа како настанал пожарот доктор Нуредини вели дека е побарано што побрзо да се открие причината.

– Откако се случи пожарот, имавме веднаш информација и цела клинка беше пред модуларната болница, и тоа траеше 3-5 за тоа време се евакуирани пацентите за кратко време, чадот ги зафатил просториите. Ни беше сомнително како чадот толку брзо се прошири, вели Нуредини.