April 20, 2024, 12:05 pm

Нуредини и Сахакијан на средба за проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со постојаниот координатор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во државава Нарине Сахакијан.
Нуредини во објава на Фејсбук информира дека на средбата разговарале за напредокот и приоритетните активности на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион.
-Проектните активности имаат за цел да направат фундаментална промена во начинот на кој се постапува со ризикот од поплави во Полошкиот регион, кој се смета за најранлив во земјата по ова прашање. Во оваа насока, изразив подготвеност за мобилизирање на повеќе финансиски средства од Владата на РСМ за реализација за сите предвидени проектни активности, истакнува министерот.
Како што додава, проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП.
Нуредини наведува и дека изразил благодарност до УНДП за нивната посветеност и придонес при реализација на овој проект, како и за можноста за продолжување на соработката и во областа на енергетската ефикасност.свс/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This