Во Охрид вчера се одржа Регата во организација на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, а централниот настан се случуваше во Охридското езеро и наместо да се маршира поддржувачите со бродови и кајчиња ја искажаа својата поддршка за унитарна и заедничка Република Македонија.
Освен регатата вчера охридските нуркачи во знак на поддршка го развиориа и знамето ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА под водите на Охридското езеро.
Ова е само уште еден доказ дека масовноста на граѓанската иницијатива се повеќе расте, а од утре се закажани и многу масовни протести низ сите градови низ Македонија.