дома Занимливости НУРКАЧИ СНИМИЈА ЈАПОНСКИ КРАП ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, НЕКОЈ ГО ПУШТИЛ ОД АКВАРИУМ

НУРКАЧИ СНИМИЈА ЈАПОНСКИ КРАП ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, НЕКОЈ ГО ПУШТИЛ ОД АКВАРИУМ

Во Охридското Езеро се појави јапонски крап, за прв пат во постоењето на езерото, старо три милиони години. Јапонскиот крап денес го снимија нуркачи од клубот „Акватек“.

„Јапонскиот крап го фотографиравме на четири метри длабочина и тежи отприлика четири килограми. Тој е многу отпорен и може да го загрози биодиверзитетот на езерото, бидејќи е неавтохотон. Најверојатно е пуштен од аквариум. Знам дека вакви риби се чуваат во мали базени во Охрид“, вели познатиот нуркач Никола Паскали.

Утринава не можевме да стапиме во контакт со биолози од Хидробиолошкиот завод во Охрид за да дадат коментар за појавата на оваа опасна неавтохтона риба во Охридското Езеро.